Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски од Струмица: Победуваме со 63 пратеници

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За Подобра Македонија” денеска одржа два митинга. Едниот во Радовиш ВО 17 и 30 часот и вториот митинг во 20 часот во Струмица.

Вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски кој воедно е и носител на листата во четвртата изборна единица денес е во родното место на Заев.

„Две ипол години политичка криза која ја создадоа вештачки заради некои фантоми кои испадна дека воопшто не ни постојат, две и пол години обиди за закрвување на народот и поделби, конфликтност која се пренесуваше секаде низ државата, две и пол години деструкција и хаос ќе завршат со овие избори на 11 декември. Кризата полека се движи кон својот крај, но нејзиниот крај ќе биде конечен само ако победата е убедлива и со 63 пратеници за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „ За подобра Македонија“. Така ќе се запре кризата и ќе се стави крај на планот за мрачни сценарија по однос на нашата држава, рече Груевски.

На митингот говореше и Васил Пишев, кандидат за пратеник од ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата.

gruevski-strumica1

„Во оваа кампања ги поминав сите населени места и што да видам. Човекот вели дека може да му се верува, оти направил многу за Струмица. Заев нема ставено ниту еден камен во Струмица“, рече кандидатот за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, Васил Пишев од Струмица.

Претходно, во Радовиш Груевски истакна:

„Вкупните странски инвестиции во Македонија во минатото изнесуваа над 2 милијарди евра, а во време кога дојдовме на власт извозот беше само една милијарда, а сега во 2016 година изнесува повеќе од 4 милијарди, тоа не падна од небо, за тоа работиме ние и работите се менуваат и се движат кон подобро“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски, вечерва во Радовиш.

Пред митингот во Радовиш, Груевски беше во Дојран од каде истакна дека планираат и понатаму да останат посветени на туризмот, неговата промоција и зголемувањето на бројот на туристи.

„Ќе ги продолжиме субвенциите за привлекување на странски туристи и ќе ги зголемиме за нови 6 милиони евра, како финансиска поддршка за дополнителен број на авионски дестинации по ниски цени на билети“, рече Груевски во Дојран.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us