ГРУЕВСКИ ОД СТРУМИЦА: БЕСПЛАТЕН ЗДРАВ ОБРОК ЗА УЧЕНИЦИТЕ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ ВО СИТЕ УЧИЛИШТА

груевски

Ќе овозможиме бесплатен здрав оброк за ученици од прво до петто одделение во сите општини каде ќе победи градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и мнозинство во советот ќе има ВМРО-ДПМНЕ.

Со овој проект ќе обезбедиме бесплатен здрав оброк во училиштата. Придобивките се повеќекратни, децата добиваат секојдневно здрава храна значајно за нивното здравје и создавање на добри навики за користење на производи кои се корисни за нивниот развој, објави Никола Груевски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на митингот кој Коалицијата „За подобра Македонија“ вечерва го одржува во Струмица.

-Менито ќе биде подготвено во соработка со нутриционисти и прилагодено на возраста на децата. Се избегнува користење на т.к.н. брза храна. Директно се помага домашниот буџет на секое младо семејство, а родителите имаат заштеди од околу 600 денари месечно за едно дете или за цела учебна година околу 5.400 денари.

Ако има две деца, заштедите се двојно поголеми. Во училиштата во кои е предвидена целодневна настава родителите ќе имаат значајно пониски трошоци во однос на сегашните, само ќе доплаќаат за вториот оброк во текот на денот, додека првиот оброк ќе биде бесплатен, вели Груевски.

Тој додаде дека согласно финансиските можности на општините во текот на четири годишниот мандат ќе работат на тоа овој проект да се прошири и на повисоките одделенија.

Се стремевме кон раст и развој за нашата земја. Се стремевме да реализираме проекти и услуги и да ја заштитиме нашата земја. Што и да прават, да фрлаат кал на нас, да измислуваат лаги за нас и да генерираат празни зборови ќе продолжиме да создаваме проекти и да работиме за нашите граѓани. Затоа што нашата агенда сте вие. Ја имаме само Македонија во нашата агенда, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски

-Решенијата и проектите ја формираат нашата политика. Ние ја нудиме новата ера. Новата ера во која нема да има неасфалтирана и неосветлена улица, новата ера каде имаме парк во секое маало. Новата ера со над 150 илјади нови работни места, односно пад на невработеноста под 10 проценти.

Кога можевме да ја намалиме од речиси 40 на околу 22,5, кога можевме да отвориме 173.000 работни места бидејќи сигурни дека можеме, знаеме и сакаме да отвориме најмалку 150.000 работи места. Нова ера на 2.5 пати повисок приход по жител – односно од 5 на 12 илјади долари.
Тоа значи 2.5 пати побогати граѓани, но и 2.5 пати повеќе пари во државата за капитални проекти, нови патишта, нови водоводи, болници, канализации, нови училишта, улици, паркови. Нова ера на најниски даноци. Поголеми плати, пензии субвенции. Нова ера на големи вложувања во екологијата, животната средина, потенцираше Груевски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed