Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: Обезбедивме 350 милиони евра во моментот кога започна светската криза

Странските директни инвестиции достигнаа износ од 2 милијарди и 600 милиони евра, капиталните инвестиции во 2015 достигнаа 32 отсто од бруто домашниот производ, растот во градежништвото достигна речиси 17 отсто во 2015, а оваа година ќе биде и поголем како што ќе бидат и поголеми инвестиции.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на кандидатската листа во 4-тата Изборна единица на Коалицијата „За подобра Македонија“ во Кичево.

-Обезбедивме кредити со ниски каматни стапки и поволни услови за враќање. 350 милиони евра обезбедивме во моментот кога започна светската криза и кога банките ги качија кредитите во Македонија со камата од 10 или 11 проценти. Тогаш Владата изреагира, најде надворешни кредитни линии со 5 и пол отсто камата, помогнавме стотици фирми да преживеат, а кога преживуваат фирмите, преживуваат и нивните вработени.

ggg

Груевски говореше и за новата терминалана зграда која ја изгадија ВМРО, како и за аеродромите кои ги реконструирале.

-Изградивме целосно нова терминална зграда и се продолжи пистата на аеродромот „Александар Велики“, добивме еден од најмодерните аеродроми во Европа. Целосно се реконструираше и аеродромот „Свети Апостол Павле“ во Охрид, овозможивме воведување на нови 20 авиолинии од Македонија кон странство, за многу ефтини цени. Се укинаа визите па така илјадници Македонски државјани кои претходно ниту визи можеа да добијат, ниту карти да купат, сега за многу малку средства можат да отидат во странство, да се видат со роднините, да прошетаат. Набавивме нови товарни патнички вагони во износ од 40 милиони евра. Ја обновуваме Македонската Железница, рече лидерот Груевски на митингот во Кичево.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us