Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: На 11 декември ќе победи Македонија, оваа политичка гарнитура ги обединува и работи за сите

Масовно референдумско излегување на избори и казнување на сè она што СДСМ го прави, побара во среда вечер лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во ИЕ4 Никола Груевски на митинг кој партијата го одржува во Ѓорче Петров.

gruevski

„Веќе е јасно, сè се разјасни, на народот му стана целосно јасно зошто ни го правеа ова во овие две ипол години. Кои биле целите, намерите. Најголемата грешка ја направија кога го потценија народот и на крајот доволно ги отворија картите да и на нивните поддржувачи им е јасно“, рече Груевски.

„Зоран Заев мислеше дека народот нема капацитет да процени што значи за Македонија двојазичност на цела територија, промена на Уставот, рушење на рамките на Рамковниот договор. Тој одеше на карта дека луѓето не се толку политички образовани, но народот е многу попаметен од тоа тој што мисли. Кога виде колку е часот, почна да кажува дека не кажувал тоа што кажуваше, да вика дека нема да има промена Уставот. Нема бегање од тоа што го кажа и од откривање на целите. Ќе плати пред народот на избори, за целото малтретирање и манипулирање“, посочи Груевски.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ потсети дека Заев ќе биде казнет од народот во недела затоа што две ипол години го лажеше дека има 500.000 фантоми, за на крај народот да види дека нема ниту еден фантом, туку дека има 5.000 повеќе кои ќе гласаат.

„Народот ќе го казни за неговите намери да ја кантонизира Македонија. Народот собира, трпи и на 11 декември ќе си го каже своето, за сите лаги што ги изнесе и потценувањето на народот. За лагите за 500 евра просечна плата, или, пак, за тоа дека секој човек ќе добие по 500 евра годишно од ДДВ-то мислејќи дека овој народ нема да пресмета“, рече Груевски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us