Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски на суд во петок

Скопска единица извести дека в петок ќе продолжи судскиот процес против поранешниот премиер Никола Груевски и ексминистерот Миле Јанакиески, обвинети во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за нарачаните насилства во општина Центар и за нарачаните шамари за градоначалникот Андреј Жерновски.

Груевски и Јанакиески в петок се очекува за првпат да седнат на обвинителна клупа пред судијката Татјана Михајлова, која е и в.д. претседател на судот. Првото рочиште беше одложено за по изборите.

Специјалното јавно обвинителство на 15 септември поднесе обвинителен предлог против Груевски, Јанакиески и уште три лица како нарачатели на насилствата во Општина Центар, но и за уште девет лица како извршители на нарачаните кривични дела во јули 2013 година.

СЈО тврди дека првообвинетиот Груевски со умисла побарал, а Јанакиески прифатил преку партиски членови да извршат грубо насилство врз градоначалникот на општина Центар Андреј Жерновски и врз членови на Советот на општината. Во целата операција, која била инсценирана божем против уривањето на проектираната црква Свети Константин и Елена, а која воопшто не ни била ставена на дневен ред на седницата, диригирале од внатре по мобилен телефон советници на општина Центар, кои се меѓу обвинетите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us