Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: Народот ги препозна лагите на Заев и затоа ќе го казни на 11 декември

Бевме посветени на она што најмногу го тишти македонскиот народ, а тоа е економијата, зголемување на платите, пензиите, социјалната помош и таму веќе имаме одлични резултати, се отворија нови 160.000 нови работни места, а во иднина веќе очекуваме и планираме да се отворат нови 70.000 нови работни места. Невработеноста од 38 проценти во минатото очекуваме да се намали на 17 проценти, замислете во време на светска криза, економска криза, европска криза како и сценариската криза во Македонија, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 4 Никола Груевски на митингот во Кисела Вода.

-Во овие четири дена пред нас ќе прават многу непредвидени работи, сакаат да го продолжат мандатот на СЈО бидејќи знаат дека со секое продолжување ќе трае и кризата во Македонија. Овие денови ги слушаме со една голема лага, а таа е дека тие ќе вработиле толку многу луѓе и ќе отворале фабрики што ќе ги враќаат сите нашинци од странство. Но доколку е тоа така зошто Зоран Заев не донесе една единствена фабрика во Струмица?  Струмичани едвај чекаат да го тргнат од власт Заев во мај. Заев исто така ветува и дека ќе го враќа ДДВ од 500 евра на сите граѓани на крајот од годината, но математиката која Заев очигледно не ја пресметал, укажува дека секое семејство во Македонија треба да троши месечно по 2.000 до 2.500 евра за да на крајот од годината земе ДДВ од 30.000 денари. Со ваквите манипулации тој само уште еднаш го излажа својот народ. И затоа десет пати по ред народот гласа против нив и гласа за коалицијата За подобра Македонија, која се залага за влегувањето во НАТО и Европската Унија, партија која не прави разлика помеѓу народот, помеѓу Ромите, Србите, Власите, Албанците и затоа народот знае на кого да му верува, истакна Груевски.

На митингот во Центар Груевски се потсети и што направија тие кога владееја во нивното време, тој вели дека во тоа време на медицинскиот факултет се запишуваа само елитата од СДСМ и децата на членовите на СДСМ само беа лекари. Да се потсетиме на времето кога на времето тие следеа луѓе кои не беа истомисленици, се следеше 24 часа штабот на ВМРО. Тоа време кога Радмила беше на власт бесрамно го следеа својот противник без дозвола на управата за контра разузнавање и тие луѓе денес ќе ни говорат за слобода и демократија. А поради тоа тие губат 9 пати по ред, а ќе загубат и по 10 пат, вели Груевски.

Македонија е земја со најниски даноци во светот, доаѓаат инвестиции, се отвораат работни места а тоа е видливо јасно. Младите треба да ја гледаат иднината преку ВМРО-ДПМНЕ бидејќи партијата е отворена за тоа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us