Груевски: Законот за двојазичност ќе ги продлабочи поделбите

GRUJO

Законот за двојазичност ќе ги продлабочи поделбите.

Ние на ова многу долго предупредувавме. Не само пред локалните, туку и пред парламентарните избори во декември 2016 година. Уште тогаш укажавме дека тоа би било противуставно, дека ги дискриминира другите помали етнички заедници и дека создава простор за уште поголема поделба помеѓу Македонците и Албанците. Таа дополнителна поделеност, ќе биде потенцијал за движење на земјата кон федерализација, чекор кој е последен пред поделба на државата, а поделбата значи и растурање на државата.

Истовремено ние поддржавме да има поголема употреба на јазиците на помалите етнички заедници, но во рамките на општините каде тие се барем 20 отсто. Ние не се плашиме и немаме ништо против албанскиот јазик или Албанците во Македонија.

Тие се наши сограѓани, а многу од нив и наши лични и драги пријатели. Нивниот јазик го почитуваме и тоа сме го покажале со многу гестови во минатото, тргнувајки од првото носење на законот за употреба на јазиците во 2008 година, прифаќањето на Денот на азбуката за празник во Македонија на сите Албанци, поддршка на албанската литература и книжевност, преводи на стручни книги покрај на македонски и на албански јазик, создавање на Институт за духовно и културно наследство на Албанците, создавање на нов Универзитет на албански јазик „Мајка Тереза“, и проширување на Тетовскиот универзитет во повеќе општини и на повеќе струки, воведовме и државни грантови од буџетот за Штуловиот универзитет и.т.н. Значи проблемот не е во јазикот или луѓето.

Веќе помина првото читање и ние како партија и како Коалиција за подобра Макеоднија гласавме против овој закон и објаснивме зашто. Ако нема суштински и сериозни измени на законот во неговата конечна фаза, ние нема да го поддржиме.

Ваков каков што е, истиот е неуставен, и владејачките партии се свесни за тоа, и се свесни дека еден ден тој закон може да падне на Уставен суд. Не знам дали намерно го форсираат ваков за да остварат краткорочни политички поени, а потоа законот да падне, но личи на такво нешто.

Интересно е што според нашите информации, Заев ги убедувал неговите пратеници дека во втората фаза се што е против уставно со амандмани ќе го елиминираат, а ДУИ пак јавно говори дека нема ништо да се смени. Едните лажат. За неколку дена ќе знаеме кој.

You may also like...

Sorry - Comments are closed