Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: До крајот на 2020 ќе ја намалиме невработеноста под 18%, ќе обезбедиме околу 70.000 нови работни места

Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на митингот  во Охрид вчера истакна дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Реално“ содржи над 500 страници на конкретни проекти, мерки и чекори кои се однесуваат на отворање на можности и помагање на граѓаните.

-До крајот на 2020 година ќе ја намалиме стапката на невработеност од сегашните 24% на 17-18 отсто отворање на нови  70.000 нови работни места во Македонија. Тоа е нашето ветување за наредните 4 години.Докажавме дека знаеме и можеме да го правиме тоа.  Ќе ги зголемиме платите во јавниот сектор за 10,25 отсто и пензиите за 10,25 отсто. Социјалната помош на оние на кои најмногу им треба ќе ја зголемиме за 50 отсто, минималната плата до 2020 година постепно ќе расте и ќе достигне 14.000 денари, а во текстилната и кожарската индустрија постепено ќе се зголемува до 13.500 денари, рече Груевски.

Тој посочи дека со цел да се  креираат на нови работни места во програмата е предвиден и  проект за Рурални развојни зони, во населени места кои се на листата на рурални подрачја, а детално наведени во нашата програма.

-Од инвеститорите ќе се бара минимум 80 отсто од вработувањата да бидат нови вработувања. Во овие зони инвеститорите ќе имаат услови слични, но и повисоки од оние во слободните економски зони, меѓу кои и ослободување од данок на добивка и персонален данок за вработените за период од 10 години, ослободување од царина и ДДВ за увезената опрема за инвестицијата, подетално опишано во нашата програма РЕАЛНО, рече Груевски.

Образложи  дека со проектот Рурални развојни зони секој еден кој во наредните 5 години ќе започне градба на фабрика, хотел или на земјоделско дистрибутивен центар во било кое село во Македонија, дури и оние кои се најблиску до градовите, или во градови со помалку од 10.000 жители ќе ги има истите дури и подобри услови од технолошко индустриските развојни зони. Рече дека тоа е шанса која не е дадена во ниту една друга држава во светот и ќе ја искористат многу стопанственици . Уникатен проект кој е голема шанса за Македонија.

-Ова е голема шанса за невработените, колку повеќе се намалува бројот на невработени толку повеќе се зголемува платата . Конкуренцијата ќе расте и ќе има се помалку невработени . Платите на вработените растат во економии во кои се намалува невработеноста, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

 

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us