Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: Граѓаните ќе гласаат за суверена Македонија, а не за двојазичност и поделба

Граѓаните нa 11-ти декември ќе гласаат за суверенистичката и унитаристичката политичка опција во Македонија, а не за бинационална држава, поделена и редефинирана, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на промоцијата на новата програма на владејачката партија.
gruevski-profilna

-Тоа што Заев го говори насекаде дека ќе ја променел од корен државата, воведувајќи албански јазик како втор службен јазик на целата територија, швајцарски модел што нели подразбира кантонизација, со евентуална промена на името и со ред други работи само го докажува она што јас го тврдев уште од почетокот на политичката криза во државата. Она што некои на момент го гледаа со скепса и двоумење мислејќи дека е само политичко дефокусирање, сега е очигледнно и јасно на секого. Она што натера еден број на луѓе да се посомневаат во нашата работа и фрли дамка на нашите личности претставувајќи не во нешто што не сме. Тоа е токму она што веќе е јасно како бел ден. Разврската односно целта на целата криза во која не втурна опозицијата пред точно две години, а со помош на разни разузнавачко криминогени структури од земјава и надвор, рече Груевски.

Тој рече дека сака да потсети на неговитеизјави дека крајната цел е дестабилизација на државата, закрвување на Македонците и на граѓаните во Македонија и редефиинирање на државата, воведување двојазичност на целата територија и промена на името.

Мојот личен одговор каков и да е неспоредлив е со одговорот кој убедливото мнозинство на граѓани ќе го дадат на 11-ти декември. Тоа ќе биде вистинскиот одговор, тоа ќе биде ударот кој ќе ги разнебити оние кои сакаат да ја разнебитат државата, нашата држава Република Македонија. Но, ние гласот на изборите на 11-ти декември не го бараме само затоа што опозицијата заговара вакво сценарио на поделби и унаказување на државата, туку и заради нешто друго кое се однесува токму на она за што пријателот во разговорот ме прекори дека премногу го акцентира. Тоа е нашата програма, која е убедливо најобемната и најдобра досега, која во себе содржи над 500 страници на проекти и прецизни рокови, буџети и очекувани резултати, рече Груевски.

За илустрација,  нагласи тој, ветувањата на СДСМ се толку нереални и неиздржани што самите не знаат ни што да напишат повеќе и нивната програма се сведува на памфлет од 20-тина страници кој во себе нема ништо освен голи фрази, лажни ветувања и никаков одговор како и во кој рок ќе се завршат ветените проекти.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us