Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Груевски: Граѓаните не сакаат премиер митаџија

Две нови странски инвестиции во Битола најави претседателот на ВМРО-­ДПМНЕ Никола Груевски на вечерашниот митинг на Коалицијата „За подобра Македонија“.

Тој пред битолчани истакна дека двете нови компании доаѓаат од Турција и Грција и оти ќе инвестираат над 10 милиони евра. ­

„Во Битола ќе инвестира компанија од Турција што се занимава со металопреработувачка индустрија во индустриската зона „Жабени“ ќе вложи 8,6 милиони евра и планираат најмалку 110 нови работни места. Градбата ќе почне за некој месец, и ќе проработи најдоцна за една година. Втората инвестиција е на грчка компанија која се занимава со производство на изолациски пластични материјали за градежништвото за што ќе бидат вработени најмалку 150 лица. Оваа инвестиција е вредна 2 милиони евра и ќе се гради на браунфилд објект“, истакна Груевски.

ВМРО-­ДПМНЕ, според него, е партија што работи да им помогне на граѓаните, што се грижи за народот, за државата и нејзините државни и национални интереси, и затоа ВМРО­ДПМНЕ девет пати победува, а на 11 декември ќе ја добие и десеттата поддршка која воедно ќе претставува најголемата историска победа над СДСМ. ­

„Заев вели дека нека некој од надвор ќе го правел премиер, заборавајќи дека овој народ прави некого премиер или не го прави. Народот не смее да се лаже, ниту потценува. Напротив, на овој народ, на сите нам, ни е потребна посилна економија, повеќе работни места, посилно земјоделство, подобро образование, среќен живот, а не некој да не дели и поделува, кантонизира и федерализира“, рече претседателот на ВМРО-­ДПМНЕ.

Тој најави дека во Битола ќе се реализираат конкретни проекти во различни сфери односно во патната инфраструктура, здравството, образованието, земјоделството и руралниот развој. ­Во Битола, како што рече, ќе се изгради нов експресен пат со 4 ленти до граничниот премин Меџитлија, во непосредна близина на зоната „Жабени“ бидејќи во таа зона во наредните 4 години ќе работат над 6.000 луѓе.

Носителот на листата во Петтата изборна единица Антонио Милошоски рече дека Битола е приоритет во изборната програма „Реално“. Во овој град, според него, се планира изградба на голема спортска сала со базен, ватерполо терен и гимнастичка сала за што ќе бидат инвестирани 13 милиони евра. ­

„Во Битола ќе се воведе гасот како енергенс во домаќинствата, ќе се изгради и топлификација за да можат граѓаните да се загреваат на гас, ќе се реновира и болницата. ВМРО-­ДПМНЕ ќе го решава проблемот со воздухот во Битола, ќе им помогне во почиста околина, но само ако бидеме сојузници меѓу себе. Пред три години бевме сведоци на опожарениот планинарски дом Копанки. Домот ќе биде обновен и тој ќе стане центар на цела Битола“, вети Милошоски.

Тој побара поддршка за ВМРО-ДПМНЕ, зашто, како што рече, со фрлање боја не се станува премиер.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us