В понеделник, Заев ќе бара мандат за влада од Иванов

zaev 2

Зоран Заев, лидерот на СДСМ, со 67 пратенички потписи, во понеделник ќе го посети претседателот Иванов за да побара мандат за влада.

Централниот одбор на СДСМ донесе одлука Зоран Заев да биде мандатар за составување на новата влада, пренесува порталот Сакамдакажам.мк.

Заев изјавил дека му е чест што по скоро 11 години, Македонија конечно добива шанса за демократска и реформска влада, што ќе се залага за подобар квалитет на животот на сите граѓани.

Според пратеникот Артан Груби, за ДУИ е важна содржината, а не формата. Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, изјавил дека потписите се формалност колку да се запази рокот за локални избори, а дека во партијата уште се преговара дали ДУИ ќе учествува во новата влада.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha