Вујановиќ–Чавушоглу: Значајна е поддршката на Турција за членство на Црна Гора во НАТО

TURCIJA

Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, денес го прими министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, кој престојува во официјална посета на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).

Како што беше соопштено од неговиот кабинет, Вујановиќ истакна дека мошне се почитува поддршката на Турција за интеграцијата на Црна Гора во НАТО, и оцени дека членството на Црна Гора во Алијансата дополнително ќе ја поттикне вкупната соработка на двете земји. Тој констатираше високо ниво на односите во сите области и можност за нивно понатамошно унапредување, особено во сферата на економијата.

Вујановиќ истакна дека е од големо значење отворањето на турската Ziraat Bank (Зираат банка) во Црна Гора, која дополнително ќе ги охрабри економските партнерства со Турција. Тој нагласи дека особено се почитува дејствувањето на Турската агенција за соработка и координација – ТИКА, која реализираше повеќе од 150 развојни проекти и има испланирано повеќе од 20 нови проекти во согласност со најнепосредните интереси на граѓаните на Црна Гора.

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, изрази согласност во однос на тоа дека е мошне значајна интеграцијата на Црна Гора во НАТО. Тој оцени дека треба заеднички да се искористи просторот за понатамошно унапредување на соработката, со јакнење на договорните бази на двете земји.

Тој истакна дека се очекува наскоро претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган да ја посети Црна Гора, и дека тоа ќе биде потврда за добрите билатерални односи и важно поттикнување на нивното понатамошно унапредување.

You may also like...

Sorry - Comments are closed