Во Турција почнува судењето на Фетулах Ѓулен

FETULLAH

– Во Турција денеска почнува судењето на турскиот проповедник и политичар и најголем ривал на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, Фетулах Ѓулен.

Судењето ќе се одржи во Главниот суд во Истанбул и претставува дел од острите мерки против движењето на Ѓулен, кои Владата ги опишува како борба против „паралелна држава“.

Ѓулен (74) му беше сојузник на Ердоган кога неговата Партија на правдата и развојот дојде на власт во 2002 година.

Но влијанието на Ѓулен растеше со текот на години и Владата на Ердоган го обвини за дестабилизирање на држава со изнесување на обвиненија за корупција на блиски соработници на актуелниот претседател, меѓу кои и неговиот син Билал во декември 2013 година.

На Ѓулен, кој живее во егзил во Пенсилванија, во САД ќе му се суди во отсуство.

– Тој се товари за „обид за соборување на Владата“ и за „водење на терористичка организација“, изјави неговиот адвокат Нурулах Албајрак.
Ѓулен е обвинет дека им издал наредба на негови приврзаници во полициските кругови да почнат истрага за обвиненијата за корупција, но Албајрак вели дека доказите понудени од обвинителството не ги докажуваат овие тврдења.

Обвинителството бара доживотен затвор за Ѓулен и за двајца поранешни шефови на полицијата.

Останатите 66 осомничени во случајот, од кои повеќето полициски офицери се обвинети дека членувале во вооружена групација и тие можат да се соочат со казна затвор во траење од седум до 33 години.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha