Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Во САД се формира комисија против руското политичко влијание во светот

Претставничкиот дом на Конгресот во САД прифати нацрт-закон за разузнавачка политика во кој се повикува да биде формирана посебна екипа за против-мерки на руското политичко влијание во светот.

Нацрт-законот го поднесоа републиканци и демократи и е прифатен со 390 гласови „за“ и 30 „против“. Поврзан е со закани за националната безбедност на САД, со дејноста на американските разузнавања и контрола од страна на Конгресот.

Во него има и таен анекс.

sad-rusija

Во нацрт-законот се повикува на формирање нова работна група што ќе се спротивставува на обидите на Русија „тајно да влијае врз лица и влади“.

Се очекува Сенатот да гласа за нацрт-законот за разузнавањето пред крајот на годината.

Во законот се определуваат и нови правила со кои се ограничуваат патувања на руски дипломати и конзули во САД.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова ги критикуваше тие предлози. – Ако во Вашингтон навистина одлучат да ги изменат постоечките договори, ние ќе дејствуваме соодветно за американските дипломати во Русија, изјави таа.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us