Во Македонија околу 5000 лица немаат никакви документи

DOKUMENTI

Скендер Шајини од Гостивар е едно од многуте лица во Македонија кои се соочуваат со сложена бирократска процедура, околу вадењето на лична документација.

Вели дека повеќе од две децении лута низ институциите за да извади државјаноство, но залудно. Надлежните како што тврди неоправдано го одбиваат. Поради немање лична карта, Шајини нема можност да се лекува, никој не го вработува, а права не може да остварат и неговите деца кои немаат државјанство. Подообро вели да ме депортираат во било која земја, отколку да живеам изолирано во градот.

Проценките на невладината организација Англолипе е дека во Македонија без документи за лична идентификација живеат и до 5000 лица. Околу 90 % од нив се Роми, што е и основната пречка за решавањето на овој проболем.

Хасан Идризи од Англолипе, смета дека се работи за дискриминација. Да се работеше за вадење на документи на лица од друга етничка заедница, проблемот досега ќе беше решен, и нема да постоеше бирократија при вадење на документите.

Од Министерството за труд и социјална политика, велат дека работат на решавање на проблемот. Најпрвин според нив, ќе се направи регистар на лица кои немаат лични документи, а за нивно полесно вадење ќе се сменат одредени закони.

You may also like...

Sorry - Comments are closed