ВМРО-ДПМНЕ: Поради криминалите на Заев, СДСМ ја прифати тиранската платформа

ВМРО

Поради криминалите кои ги има сторено Зоран Заев и дел од раководството на СДСМ, тие ја прифатија тиранската платформа која е неуставна и спротивна на највисоките државни и национални интереси, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму додаваат, дека тие го ставаат интересот на сите граѓани на прво место и затоа го нудат манифестот за единствена Македонија како граѓански концепт кој сплотува и води кон економски развој.

ВМРО-ДПМНЕ докажа дека знае како треба да се води економијата во нашата земја, а за тоа говорат и бројките. „Над 160.000 ново отворени работни места. Ова е спротивно на се што СДСМ направи во своето време, а тоа е затворање на работни места“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ во своето соопштение.

You may also like...

Sorry - Comments are closed