ВМРО-ДПМНЕ митинзите ќе ги започне од Охрид, а СДСМ од Битола

IZBORI

Од ноќеска на полноќ започна изборната кампања за локалните избори кои треба да се одржат на 15. октомври. Партиите веќе ги најаавија митинзите и средбите со граѓани. Владејачката СДСМ, првиот митинг денеска во 18 часот ќе го одржи во Новаци. По ова, партијата ќе ги претстави кандидатите за Могила, Демир Хисар, Ресен, а централниот митинг на кој партијата ги претстави сите кандидати ќе се одржи во Битола.

Како што информираат од партијата, на централниот митинг ќе се обрати и претседателот на партијата Зоран Заев. СДСМ на локалните избори ќе настапи со слоганот „Живот за сите“.

Последните митинзи на СДСМ на 13. октомври ќе се одржат во Дебрца, Вевчани, Струга и Охрид, а завршниот централен митинг ќе биде во Скопје на 8 октомври.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ, со митинзите традиционално ќе започне од Охрид. Денешниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ќе започне во 19 часот, а пред симпатизерите ќе зборува и претседателот на партијата Никола Груевски. Мото на овие избори за ВМРО-ДПМНЕ ќе биде слоганот „Нова ера“. Караванот на митинзи, ВМРО-ДПМНЕ ќе го заврши со централен митинг во Скопје на 13.октомври.

Демократската Унија за Интеграција митинзите ќе ги започне од општините Долнени и Пласница. Пред жителите на овие општини ќе се обрати и претседателот на партијата Али Ахмети. На овие избори, ДУИ ќе настапи со слоганот „Заедно за општината која ја сакаме“.

Од ноќеска на полноќ започна изборната кампања за локалните избори што треба да се одржат на 15 октомври годинава. Кампањата за првиот изборен круг завршува на 13 октомври во 24 часот. Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29 октомври. Изборната кампања за вториот круг завршува на 27 октомври во 24 часот.Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје.

Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР изборите ќе ги следи со 20 долгорочни набљудувачи, 16 експерти се дел од тимот, а непосредно пред изборите се очекува да пристигнат околу 300 краткорочни набљудувачи. Од асоцијацијата МОСТ ќе го набљудуваат процесот со 80 долгорочни набљудувачи и 2000 краткорочни на денот на изборите кои ќе бидат распоредени во секоја општина. Цивил процесот ќе го следат со 106 акредитирани набљудувачи, но се надеваат на поддршката од неколку стотици соработници, кои како што велат, со години наназад внимателно ја следат целата ситуација.

You may also like...

Sorry - Comments are closed