ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ немаат проблем да ги променат името на државата, химната, знамето…

VMRO

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одлучил да става на маса и да продава нешто што не е негово, да ја продава и редефинира Македонија.

„Граѓаните не гласаа ниту за менување на банкнотите, ниту за официјализирање на албанскиот јазик на цела територија, ниту за создавање бинационална држава или федерализација или кантонизација. Граѓаните не гласаа за платформата од Тирана. Заев го прифаќа се ова само за да се дограби до власт без поддршка од народот. СДСМ ова го направи и во 2004-та година. За глас повеќе во претседателската трка одлучи да го турка Законот за територијална поделба.

СДСМ ги загуби катастрофално изборите во 2006-та и следните 10 циклуси. За жал последиците сеуште ги чувствува и Струга и Кичево и цела Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За нас е поважно тоа што штетни последици од антидржавното однесување на Заев ќе трпи Република Македонија. Затоа ВМРО-ДПМНЕ цени дека е помала штетата да му се удоволи патолошката желба на Заев за власт, отколку граѓаните на долг рок да ја плаќаат цената. ВМРО-ДПМНЕ ја реафирмира понудата до Заев да се откаже и да ја отфрли платформата од Тирана и антидржавните проекти, а за сметка на тоа ќе ја добие поддршката во собранието“, се вели во соопштението.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha