ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори, СДСМ го бара мандатот

SDSM VMRO

ВМРО-ДПМНЕ бара нови избори заедно со локалните избори за „зачувување на унитарната држава“, додека СДСМ го бара мандатот за правната држава тврдејќи дека ДПМНЕ сака само да избегне одговорност за криминалот, вака денеска се огласија две партии во соопштенија до јавновста.

– Единствениот начин да се зачува и зајакне унитарноста на државата е преку концептот на едно општество со еднакви права и обврски за сите. Тој концепт веќе победи. Концептот на ВМРО-ДПМНЕ за внесување раздор изгуби на 11 декември! Барањето за нови избори е само обид за продолжување на политичката криза и одложување на понесувањето одговорност за криминалите и злоупотребите., велат СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение порача до домедиумите порачува дека чувствува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“ и заради почитта кон нив и нивната стратешка определба, нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.

Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана. Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку не ги отфрлат уцените, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ обвини дека Груевски само сака да си ја спаси сопствената кожа втурнувајќи го народот во конфликт. Тие велат дека ниту Уставот, ниту унитарноста не се загрозени и дека владејачјата партија намерно шири невистини и ги подгрева меѓуетничките и граѓанските односи.

Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ мора да ја почитуваат мнозинската волја на граѓаните. Ѓорге Иванов мора да ја почитува мнозинската волја преточена во 67 пратенички мандати и да го даде на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, мандатот за состав на новата реформска Влада и независни демократски институции, велат СДСМ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha