Владимир Ѓорчев: Заев да го исполни ветеното за брз прием во НАТО и ЕУ без промена на македонскиот идентитет

ВЛАТКО

Во интервју за Макфакс пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев, му порача на премиерот Зоран Заев дека чекаат да го исполни ветувањето за брз прием во НАТО и ЕУ.

„Она што го зборуваше во кампањата беше брз прием во НАТО и отворање преговори со ЕУ. Под брзо делување се подразбира три-четири месеци, иако сега слушаме дека рететира од ставот, како и за секоја друга работа што ја вети. И најважно е никако да не биде засегнат идентитетот“, порача Ѓорчев.

На прашањето дали има незадоволство во ВМРО-ДПМНЕ и како партијата гледа на групата нивни членови кои побараа реформи и промена на партискиот Статут, Ѓорчев тврди дека тоа се неуспешни обиди да се делегитимира партијата.

„ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија и како таква останува на политичката сцена. Централниот комитет е тој што го утврдува статутот на партијата. Со години наназад го имаме тој Статут, кој истовремено е поддржан од членството што стои зад претседателот Никола Груевски. Оние лупинзи кои одат во насока да се делигитимира ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат“, рече Ѓорчев.

Централна фиргура во партијата е Никола Груевски, кој има целосна поддршка од членовите на ИК и ЦК, како и од општинските комититети, додава Владимир Ѓорчев. Тој најави освежување со млади лица и поголема ангажираност и присутност помеѓу граѓаните.

You may also like...

Sorry - Comments are closed