Бугарскиот вицепремиер осуден за говор на омраза кон Ромите

ROMI BUGARIJA

Потпреседателот на бугарската влада, Валери Симеонов , е осуден поради говор на омраза кон Ромите. Но за тоа не е потребно да даде оставка.

Оваа одлука ја донесе Окружниот суд во Бургас. Инаку до сега бугарските судови се двоумеа да донесат некакви одлуки кога станува збор за говор на омраза кон Ромите.

Тој е осуден поради својот говор во бугарскиот Парламент на 17 декември 2014 година. 62 годишниот бугарски политичар, бизнисмен и медијски претприемач за Ромите напомена:

„ Тоа се дрски и диви суштества кои личат на луѓе. што сакаат пари без да работат, и имаат здравствена заштита иако се здрави. Добиваат социјална помош за децата кои се на улица и играат со свињи.

Инаку во Бугарија официјално живеат 321.000 Роми, или 5% од севкупниот број на жители.

Неофицијално нивниот број е двојно поголем . Инаку според ФИОО , околу 92% од Бугарите се сретнале со говир на омраза кон Ромите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed