Бројот на мртвите порасна на седум, партиите ги прекинаа изборните кампањи

LONDON

Бројот на мртвите во нападот во Лондон порасна на седум, откако едно од повредените лица почина во болница. Се стравува дека бројката може да биде уште поголема, зашто неколкумина од 50-темина повредени се во критична состојба.

Повеќето политички партии по нападот ги суспендираа кампањите за претстојните парламентарни избори, но лидерот на УКИП Пол Нутал рече дека тие ќе продолжат, бидејќи тоа е „токму она што екстремистите сакаат ние да го направиме“.

Премиерката Меј претседаваше со состанокот на владината комисија за итни случаи Кобра и се очекува за кратко време да даде изјава.

Комесарката на Метрополитен полицијата Кресида Дик рече дека тројцата осомничени биле убиени осум минути откако полицијата го добила првиот повик за нападот.

Сведоците на нападот велат дека виделе бело комби како вози со 80 км на час по Лондонскиот мост пред да удри во толпа минувачи.

Од возилото излегле тројца напаѓачи и викајќи „Ова е за Алах“, почнале да ги напаѓаат луѓето кај околниот пазар.

Никој сè уште ја нема преземено одговорноста на нападот, но медиумите пренесуваат дека џихадистите слават по социјалните мрежи.

You may also like...

Sorry - Comments are closed