Бројот на жртви на нападот во Истанбул се искачи на единаесет лица

ISTANBUL

Жртвите на нападот во Истанбул станаа единаесет, откако уште еден германски турист почина од повредите во болница. Десетици се уапсени за врски со ИД, меѓу нив се и тројца Руси.

Бомбаш самоубиец се разнесе во вторникот во центарот на Истанбул, во близина на црквата “Света Софија” и Сината џамија. При нападот загинаа десет луѓе – туристи од Германија и Јужна Кореја.

Турските власти ги обвинија за атентатот “Исламска држава”, која била “посредничка организација”, алудирајќи дека може да има друга сила која стои зад нападот.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha