Брисел: Ниедна од жртвите сé уште не е официјално идентификувана

BRISEL

Досега се познати имињата на четири жртви од терористичките напади во Брисел, а голем број семејства и блиски преку социјалните мрежи ги бараат лицата со кои не можат да стапат во контакт од вторникот утрото, пренесуваат светските агенции.

Сепак, досега ниедна жртва не е и официјално идентификувана, соопштиле од бриселското обвинителство.

„Ниедна жртва од настраданите во нападите од вторникот во Брисел не е со сигурност идентификувана. Четири жртви се познати, но нивните тела не се службено идентификувани“, изјавила Ина Ван Вимерш, портпарол на обвинителството во Брисел.

„Во моментов приоритет ни се преживеаните и згрижувањето на ранетите. Се спроведуваат истраги на местата на експлозиите. Екипите задолжени за идентификација прават сé што можат. Но кога на некому треба да соопштите дека му починал некој мил, тогаш мора да бидете апсолутни сигурни во тоа“, додала таа.

Белгиските власти ги упатуваат сите оние кои трагаат по некого во воената болница Недер-Овер-Хембек, каде се наоѓа и екипа на специјалната служба за идентификација на жртвите во катастрофите.

„Нормално и хумано е семејствата да водат и сопствена потрага за да дознаат каде се наоѓаат нивните блиски, доколку нивните имиња можеби не се наоѓаат на листата на хоспитализираните по нападите“, изјавил за белгиските медиуми директорот на оваа болница.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha