Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Брисел го потврдува ставот на Могерини, Хан и ОБСЕ за изборите во Македонија, но го чека исходот од приговорите и жалбите

Европската комисија не сака да одговори дали е во духот на демократијата и политичкиот натпревар да не се признава пораз на мирни и фер избори во Македонија, што е констатација и на меѓународните набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР, јави дописникот на МИА од Брисел.

Сепак, од официјален Брисел за МИА се повикуваат на заедничката задсиноќешна изјава на Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и на еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан.

– Комисијата целосно ја поддржува прелиминарната оценка на ОДИХР на изборите и нивното спроведување. Таму се истакнуваат прелиминарните резултати, но да го почекаме исходот од процесите на приговори и жалби, истакна портпаролката на Еврокомисијата, Маја Коцијанчич, во изјава за МИА.

европска комисија еу

Инаку, во нивното завчерашно заедничко соопштение за изборите во Македонија, Могерини и Хан потенцираа дека „неделните предвремени парламентарни избори во БЈР Македонија минаа на мирен и уреден начин, со добар одѕив на гласачите“. Тие констатираа дека вонредните парламентарни избори се клучен елемент на договорот од Пржино од 2015 година и дека истите „и нудат на земјата клучна можност за обнова на демократски, конструктивен дијалог за надминување на долготрајната политичка криза и обединување зад заедничка цел на евро-атланските интеграции“.

Високата претставничка на Унијата и еврокомесарот, исто така побараа политичките партии во Македонија „да дејствуваат на еден инклузивен начин, што вклучува активна парламентарната опозиција и динамично граѓанско општество“.

– Со нетрпение очекуваме брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување реформи за решавање на системското владеењето на правото, а исто така и на итните реформски приоритети. Владата и опозицијата треба да продолжат со спроведување на претходните политички договори во целост, вклучувајќи поддршка на работата на канцеларијата на специјалното обвинителство, посочија Могерини и Хан.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us