БПЦ одлучи да ја застапува МПЦ пред православните цркви

BPC

Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на МПЦ.

Светиот синод на Бугарската православна црква на денешната седница одлучи да се ангажира и застапува пред помесните православни цркви за востановување на канонскиот статус на Македонската православна црква.

„Светиот Синод одлучи дека, со оглед на тоа што Македонската православна црква (МПЦ) ја признава Бугарска православна црква – Бугарска патријаршија за своја Мајка-црква, БПЦ со чувство за својата света должност, ја прифаќа одговорноста да покаже целосно содејство, со тоа што ќе посредува и ќе се застапува пред помесните православни цркви, преземјаќи сè што е неопходно за востановување на канонскиот статус на МПЦ“, се наведува во одлуката од Светиот синод на БПЦ по повод писмото кое МПЦ го упати на 9 ноември.

Во одлуката се додава дека Бугарската православна црква – Бугарска патријаршија, никогаш не била рамнодушна кон страдањата на Македонската православна црква.

Светиот синод на БПЦ одлучи да формира Синодска архиерејска комисија за преговори со МПЦ и останатите помесни православни цркви што ќе ја сочинуваат Старозагорскиот митрополит Кирпијан како претседател и Ловчанскиот митрополит Гаврил, Пловдискиот Николај, Западно и Средноевропскиот Антониј, Варненскиот Јован, Неврокопскиот Серафим, Русенскиот Наум и Врачанскиот Григориј. како членови на Комисијата.

Синодот на БПЦ денеска во полн состав го разгледал писмото од МПЦ, со кое се бара признавање на автокефалноста на македонската црква и евхаристиско единство со бугарската црква.

You may also like...

Sorry - Comments are closed