Бејли: Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на кризата

DZEZ BEILI

Договорот од Пржино останува добра основа за надминување на политичката криза во земјата. Одлуката за тоа треба да ја донесат граѓаните, односно политичките лидери во земјата, изјави американскиот амбасадор Џес Бејли.

„Имавме систем поставен од мај до јули 2015, кој предвидуваше кризата да се разреши со враќање во собранието, со создавање услови за добри и фер избори, со справување со прашањето на неовластено прислушуваните разговори, како тие настанале и што откриваат и потоа да продолжиме со реформските приоритети. Тоа останува добра основа за да одиме напред“, рече Бејли.

Тој повтори дека очекуваат претседателот Иванов да ја преиспита неговата одлука.

You may also like...

Sorry - Comments are closed