Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

БЕСА E ЗА КОАЛИЦИОНА ВЛАДА, СЕЛА УСЛОВУВА – ДУИ И ДПА МОРА ДА ОДАТ ВО АУТ

Албанската партија, Беса не крие дека  би разговарала за широка коалиција и реформска влада,  но влада која треба да направи реформи, а веднаш потоа да се оргнизираат предвремени избори.

Лидерот на Беса, Биљал Касами вели дека неговата партија е подготвена да разговара со другите политички субјекти за да се формира широка коалиција и за создавање на реформска влада.

„Нашата идеја за широка коалиција е позната од порано и веќе од моментот кога ќе ги имаме официјалните резултати ние сме подготвени да зборуваме за влада која ќе ја врати земјата во нормалност или реформска влада. Ние никогаш нема да бидеме алиби, како што се случуваше во минатото, да се влезе во влада без услови со ВМРО или со кого било“, изјави Биљал Касами од Движењето Беса.

Претседателот на ДР-ДПА Зијадин Села е дециден дека без исполнување на условите, како што се добивање на клучна функција и еднаквост меѓу Албанците и Македонците, Алијансата за Албанците не планира да коалицира или да соработува со која било друга партија.

„Нашата позиција е албанскиот јазик да стане официјален, СЈО да биде уставна категорија, да има специјален суд, да се врати владеењето на правото, да се решат монтираните политички процеси и да има буџет распределен по региони. Не сме заинтересирани за политички игри како до вчера само за да влеземе во владата, да имаме министри, директори и функции кои не носат ништо добро за луѓето. Hе влегувам со луѓе кои сакаат Албанците да ги угнетуваат и на кои целата кампања им е ориентирана против Албанците, велејќи дека никогаш албанскиот нема да стане официјален“, категоричен е Села.

Што се однесува до двајцата пратеници на ДПА, тие, се свесни дека се аут. Како што најави лидерот на партијата Мендух Тачи,  веднаш по сооштувањето на резултатите , тие ќе ја поддржат политиката на Беса.

ДУИ ќе чекаат првин официјализација на резултатите од ДИК.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us