Беса сѐ уште не знае дали ќе гласа за новата влада без даден мандат од претседателот

BESA

Почнуваат да се развиваат сценаријата за тоа што ако собраниското мнозинство од 67 потписи утре одржи собраниска седница и избере нова влада без доделен мандат. Од трите партии на Албанците во Македонија, потписнички на платформата, две се изјаснија дека ќе ja поддржат новата влада, а за учество во неа дополнително ќе решаваат. За Беса е проблем и тоа што мандатот сѐ уште не е добиен.

Повеќе професори по уставно право рекоа дека нема никаков проблем со тоа собраниското мнозинство да свика седница, да избере претседател и потоа да се избере нова влада и без доделан мандат од претседателот на државата. Други, пак, исто така професори по уставно право велат дека таквото сценарио има многу фалинки и дека лесно ќе падне на Уставен суд.

Тие потсетуваат и на веќе донесеното решение на Уставниот суд од 1992 година на кое уставните судии само ќе треба да се повикаат и да укинат какво била собраниска одлука за избор на премиер без доделен мандат. Согласно мислењето од Уставен суд од 1992 година, од денот на определување на мандатар (член 84 став 1) почнува постапка за избор на нова влада.

Во однос на ова, претставници на движењето Беса досега неколку пати изјавуваа дека откако ќе го добие Зоран Заев, претседателот на СДСМ, мандатот, тие ќе одлучат дали ќе влезат во новата влада. Сега, без доделен мандат, се отвора прашањето и дали петте пратеници на Беса и воопшто ќе гласаат за новата влада. Во изјавата за МКД.мк Африм Гаши, генералниот секретар на Беса, вели дека за тоа се уште не донеле одлука.

„Ако се состане Собранието, ние ќе се состанеме и нашето претседателство ќе реши што ќе прави во таков случај“. На прашањето дали Беса останува на претходните изјави дека нема да влезе во влада со ДУИ, Гаши вели дека тие не го рекле тоа.

„Нашиот став е дека нема влеземе во влада со инкриминирани личности во предметите и истрагите на Специјалното јавно обвинителство. „Како и да е. Одлуките ги носиме врз основа на тоа дали се во согласност со нашите принципи и платформа. На крај органите на движењето Беса ќе ја кажат конечната одлука“, изјави Гаши.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha