Беса продолжи со предизборната кампања во Сарај I Topaansko Pole

БЕСА

Кандидатот на Движењето Беса за градоначалник на Чаир, Зеќирија Ибрахими денеска оствари средба со жителите на населбата Топанско Поле. Ибрахими рече дека на жителите на Чаир не им нудат договори туку им даваат збор дека ќе ги реализираат дадените ветувања.

Тој додава дека доколку во текот на следните четири години не ги остварат ветувањата, веќе никогаш нема да се кандидираат. Ибрахими додаде дека ДУИ не требало да излезе со кандидат за општина Чаир, туку како што вели, требало да побара извинување што 12 години ги лажеле граѓаните.

Тој е сигурен дека ќе победи во Чаир, а како што вели, кога ќе седне во градоначалничката фотелја нема да има дискриминација, ниту по етничка, ниту по партиска основа. „Ние не правиме договори, но еве денеска од тука даваме збор, доколку општина Чаир во следните четири години не стане најчистата Општина во Скопје, ние нема да се кандидираме повторно.

Доколку училиштата во Чаир до крајот на нашиот мандат не добијат нови столчиња, маси и кабинети ние нема да се кандидираме повторно“, истакна Ибрахими.

Кандидатот на Движењето Беса за општина Сарај, Башким Бакиу продолжува со предизборната кампања и покрај заканите за да ја прекине. Тој денеска беше во Сарај каде пред присутните ја претстави изборната програма додавајќи дека поддршката од ден на ден расте постојано.

Бакиу им вети на жителите дека ако биде избран за градоначалник, ќе го зголеми квалитетот и инфраструктурата во образованието и максимално ќе ги користи природните ресурси кои ги поседува оваа општина.

„Поддршката за нас само се зголемува, денеска докажуваме и ќе докажеме дека граѓаните, жителите на сите населени места во општина Сарај нè прифаќаат и во нивните домови ја слушаат нашата програма. Заканата само не направи посилни.

Нашата програма содржи неколку сегменти, економски локален развој, што подразбира соработка со бизнис партнерите за зголемување на благосостојбата во општина Сарај, другиот аспект е зголемувањето на квалитетот и инфраструктурата во образованието бидејќи општината досега лошо менаџираше со образовниот систем, со партиски вработувања и непотизам.

Потоа, во рамките на нашата програма е предвидено да се искористат природните богатства кои се предвидени во општина Сарај, како што е езерото Треска, Матка и рекреативниот центар Сарај“. – изјави Башким Бакиу- кандидат за општина Сарај

You may also like...

Sorry - Comments are closed