БЕСА нема да биде дел од новата влада

BESA SDSM

СДСМ информира дека со “Беса” не успеале да постигнат договор за “одреден број прашање” и очекува поддршка на “Беса” за реформите.

“Известуваме, во врска со преговорите со партијата БЕСА, дека покрај тоа што се согласивме дека ја споделуваме определбата за итни реформи за демократски и европски развој на Македонија, за одреден дел прашања не постигнавме договор.

Оставаме отворени врати за соработка околу поддршка на реформите што престојат во Република Македонија, како и за се друго од заеднички интерес за сите граѓани на нашата земја”, соопшти СДСМ.

Во моментов се одржува Централниот одбор на “Беса” а во 15 часот е закажана прес конференција на која партијата треба да соопшти дали ќе учествува во новата влада. Ако може да се суди според соопштението на СДСМ, одговорот на “Беса” ќе биде негативен, движењето нема да учествува во владата но ќе ги поддржи реформите.

You may also like...

Sorry - Comments are closed