Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Ахмети се сретна со Форумот на млади на ДУИ во Кичево

Претседателот на ДУИ и носител на листата во Шестата изборна единица Али Ахмети придружуван од кандидатот за пратеник на ДУИ во 5-тата ИЕ Адем Карага попладнево се сретна со Форумот на млади сили на ДУИ во Кичево.

Ахмети пред младите истакна дека тие се енергијата на општеството и оти од нив се очекува да ги движите работите напред.

– Ние токму за вас се трудиме да ви помогнеме во сите сфери. Свесен сум дека образованието е еден битен столб за да имаме здрава младина, затоа во центарот на Скопје од неодамна започна да работи универзитетот под името на големата Мајка Тереза, рече Ахмети пред младите интегративци.

Ахмети се сретна со Форумот на млади на ДУИ во Кичево

Свое обраќање имаше и кандидатот за пратеник Карага кој им порача на младите дека тие се силата која под чадорот на Али Ахмети ќе не движи напред. – Само можам да ветам дека ќе бидам еден ваш силен глас во идното собрание, рече Карага.

Присутните ги поздрави и градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари кој рече дека младите се како река која тече, но повозрасните се тие кои треба да се грижат реката да не излезе од своето корито. – Со ваква младина ние можеме да одиме напред, додаде Дехари.

Вечерва ДУИ на градскиот плоштад во Кичево треба даодржи централен предизборен митинг.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us