Ахмети: Потребен е нов договор на политичките сили

AHMETI

Ќе има ли нов партиски договор за да се профункционираат највисоките државни институции? Претседателот на ДУИ, Али Ахмети смета дека нов договор на најголемите политички сили е неопходен за да се усогласат следните чекори. Според Ахмети, во моментов најважно е да се заврши конститутивната седница на Собранието, но не без договор меѓу сите парламентарни партии.

„Треба за тоа да се разговара со сите политички сили и да се постигне согласност со главните политички парии и Собранието да почне со работа и да се избираат собраниските органи и Комисии за да се стави во функција ова висока државна институција“, вели Ахмети. За првиот човек на интегративците во моментов кога мандатот за состав на Влада е се уште во рацете на претседателот Иванов беспредметно е да се зборува за формирање нова извршна власт. Прво мандат, па потоа Влада, вели Ахмети.

„Не може да се зборува за конституирање на еден орган, без да се има мандат. Значи, во прв ред треба да му се даде мандатот на мандатарот и потоа да се водат преговори за ресорите. За нас е малку важно управувањето на ресорите, за нас е поважно да му се даде мандатот на новиот мандатар и потоа да се зборува за поделбата на ресорите“, смета лидерот на ДУИ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed