Ахмети: Не разговараме за коалициска влада со ВМРО-ДПМНЕ или со СДСМ

orav bejli

Единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии, вели лидерот на ДУИ.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денес во седиштето на партијата во Тетово имаше средба со амбасадорот на Шведска во Македонија, Мат Стафансон. Ахмети и Стафансон, велат од партијата, разговарале за постизборните случувања во Македонија и приоритетите на ДУИ.

„Ахмети ги образложи програмските ставови на ДУИ велејќи дека еднаквоста во земјата го прави општеството постабилно, додека одговорноста за решавање на спорот за името, интеграцијата, реформите, добрите меѓуетнички односи треба да ги преземат сите.

 

Тој нагласи дека ДУИ е фокусирана на соработката со албанските парламентарни партии околу заедничката национална платформа, додека моментално нема разговори за коалициска влада ниту со ВМРО-ДПМНЕ ниту пак со СДСМ, но единствениот дијалог кој го реализира ДУИ е со меѓународната заедница и албанските партии“, се вели во партиското соопштение.

Претседателот Ахмети и Амбасадорот Стафансон разговараа и околу регионалните и глобалните геополитички случувања како и нивното влијание врз Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha