Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Ахмети: Зачленувањето во НАТО и ЕУ приоритет

По средбите со граѓани во Долнени, Крушево и Пласница, лидерот на ДУИ и носител на кандидатската листа за пратеници во Изборната единица 6 Али Ахмети вечерва имаше средба со симпатизерите на партијата во Охрид каде го отвори новиот партиски штаб.

Ахмети, придружуван од највисоките претставници во партијата, повика на обединување на Албанците, Бошњаците, Турците и Египќаните во оние средини каде не се во голем број за на тој начин, како што рече, да се изборат за остварување на своите интереси на локално и централно ниво.

– ДУИ имаше голема поддршка на локалното население од Лабуништа, Октиси и околината, а почитта се враќа со почит, така што на овие избори носител на листата на партијата е Адем Шаќири токму од Лабуништа, кој ќе ги застапува интересите на сите заедници кои не поддржуваат. Националностите кои немаат правен статус, со нашата поддршка ќе го добијат своето место во Уставот, онака како што се чувствуваат, со право на образование, јазик и култура, рече Ахмети.

Ахмети: Зачленувањето во НАТО и ЕУ приоритет

Во врска со агендата на ДУИ за идниот мандат, истакна дека ќе се работи на затворање на отворените прашања што го спречуваат напредокот на државата, како што е прашањето за името.

Ахмети го посочи зачленувањето на државата во НАТО и ЕУ како заеднички интерес на сите, Албанците, Македонците, Ромите, Турците, а за уредувањето на односите во регионот истакна дека е потребен искусен дипломатски кадар, каков што, рече, има ДУИ.

– Победата на изборите ќе ја обезбедиме со нашата програма од 2014 година зашто во неа се вметнати проекти за подобрување на животот на сите граѓани: изградба на автопатиштата, нови образовни установи, отворање фабрики за нови вработувања. Приоритет и преднсот ќе имаат домашните компании и стопанственици, истакна лидерот на ДУИ.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us