Ахмети-Данкан: Пресудни ќе бидат волјата на Албанците и очекувањата на граѓаните

ахмети данкан

Ахмети го информирал Данкан дека на денешниот состанок на централното претседателство на ДУИ ќе се разговара за можностите и опциите на ДУИ.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети и британскиот министер за Европа и за Америка, Алан Данкан, на денешната средба во британската резиденција во Скопје, на која бил присутен и британскиот амбасадор Чарлс Гарет, се согласиле дека решавањето на ситуацијата се наоѓа во рацете на македонските политички партии.

Ахмети рекол дека при носење на одлуката, ќе ја земе предвид волјата на гласачите на ДУИ, Албанците, но и очекувањата на граѓаните и меѓународни пријатели.

„Лидерот Ахмети изрази голема благодарност за улогата на Велика Британија во земјата и во регионот нагласувајќи ја 16-годишната соработка со официјален Лондон и говореше за улогата и големиот придонес на армијата и британските власти за мирот и стабилноста во земјата. Ахмети нагласи дека изборите во земјата беа демократски и веродостојни, така што произведоа тесен и многу предизвикувачки резултат за политичките партии“, се наведува во соопштението на ДУИ.

Ахмети го информирал Данкан дека на денешниот состанок на централното претседателство на ДУИ ќе се разговара за можностите и опциите на ДУИ, имајќи го предвид изборниот резултат, вклучувајќи ја и можноста ДУИ да остане во опозиција.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha