Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha

Асад: Трамп ја продолжи политиката на Обама на покорување луѓе

ASAD

Американскиот ракетен напад на воената база во сириската провинција Хомс беше „безобѕирен“ и „неодговорен“, објави кабинетот на претседателот на Сирија, Башар ал Асад.

Во соопштението се вели дека нападот е одраз на континуираната политиката на САД, без оглед на тоа кој претседател ја води администрацијата, која е базирана на бомбардирање и на „покорување луѓе“.

Како што е наведено во соопштението, нападот на воената база во провинцијата Хомс е извршен врз основа на точни податоци.

Пет лица се убиени, а седуммина повредени при воздушните напади на САД врз база на ВВС во централниот дел на Сирија, изјави денеска гувернерот на Хомс, Талал Барази, додавајќи дека не очекува значителен пораст на бројот на жртвите.

– Меѓу загинатите има тројца војници и двајца цивили – истакна Барази.

Командата на сириската армија ги евакуирала повеќето воени авиони од базата, пред таа да биде нападната од САД, објави либанската телевизија „Ал Мајадин“.

Сирискиот центар за мониторинг на човековите права соопшти дека најмалку четворица војници, вклучувајќи и еден генерал, се убиени во американскиот ракетен напад, кој речиси целосно ја уништил сириската база на ВВС во близина на градот Хомс. Центарот наведува и дека десетици сириски војници се повредени во нападот.

Претставници на сириската армија засега не ги коментираат податоците на Сирискиот центар, чие седиште се наоѓа во Лондон.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Video

Follow Us