Апелација: Седницата за „Поткуп“ одложена на неопределено

APELACIJA

Скопскиот Апелациски суд го одложи случајот „Поткуп“, односно решението за тоа дали ќе се користи како доказ на судењето видеоматеријалот на кој се појавува тогашниот градоначалник Зоран Заев.

Во објаснувањето е наведено дека судијата Фидани кој го водеше судењето е избран за судија на Врховниот суд по што е потребно време за следниот судија што ќе биде назначен за предметот да се запознае со него.

Заев во „Поткуп“ е обвинет дека како градоначалник на Струмица, побарал поткуп од струмички бизнисмен Иван Николов, во вредност од околу 160 илјади евра за градежно земјиште во Струмица.

You may also like...

Sorry - Comments are closed