Алијанса за Албанците е против патоказот на ВМРО-ДПМНЕ

ALIJANSA

Против сме затоа што ова има за цел да ја наруши Македонија и да ги наруши односите со странските пријатели, рече Рашиди.

Алијанса за Албанците е против патоказот на ВМРО-ДПМНЕ во кој меѓу другото, се наведува парламентарните партии во иднина сами да ги решаваат проблемите без мешање на странски фактор.

– Мора да кажам дека сме против вчерашната понуда на ВМРО-ДПМНЕ за сите парламентарни партии во иднина сами да ги решаваме проблемите без мешање на странски фактор. Против сме затоа што ова има за цел да ја наруши Македонија и да ги наруши односите со странските пријатели.

Морам да истакнам и дека оваа гарнитура има за цел да ја изолира државата – рече пратеникот на Алијанса за Албанците, Сурија Рашиди, на прес конференција која се одржа на паузата од денешното продолжение на конститутивната седница во Собранието на Република Македонија.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha