Алијансата на Албанците спремна за влада, се мерка министерство за здравство

ALIJANSA

Алијансата на Албанците со своите три потписи кои му ги додели на Зоран Заев може да ја комплетира новата влада. На овој начин и формално новата влада би имала мнозинство во парламентот со 62 пратеника.

„Алијансата за Албанците се уште може да биде дел од владата, преземајќи одговорност и давајќи свој придонес за спроведување на политиките на една реформска влада , со акцент на реализација на албанската платформа во делот кој се однесува на законот за јазикот и натамошното функционирање на СЈО.”, изјави Флакрон Беџети од Алијанса за Албанците.

Претходно во повеќе албански медиуми се ширеше информацијата дека Алијансата на Албанците во новата влада би сакала да го добие министерството за здравство, па веќе се разгледувале кандидати за оваа функција, а предлогот би го дал Зијадин Села.

Да потсетиме Зоран Заев се уште го нема добиено мандатот од претседателот Иванов, па следните битки ќе се водат во Собранието на Република Македонија, а можни се и поконкретни чекори од досегашната опозиција кои засега не се откриваат.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha