Албанскиот и швајцарскиот амбасадор на средби со Џафери

DZAFERI

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, оствари официјална средба со амбасадорот на Албанија Фатос Река.

Според соопштението од Собранието, амбасадорот му го честитал изборот на функцијата претседател на собранието, како многу важен чекор во стабилизацијата на политичките состојби во Република Македонија.

Двајцата соговорници споделија заемни уверувања дека во овој регион успешни може да бидат само конфронтациите на конструктивни политички концепти, додека секоја друга идеја за меѓудржавни, меѓуетнички и меѓунационални конфликти однапред се „осудени“ како неуспешни проекти.

Џафери се сретна и со амбасадорката на Швајцарија, Сибил Зутер Техада.

You may also like...

Sorry - Comments are closed