Адеми: Проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ беше само СЈО

АДЕМИ

Пратеникот на ДУИ, Џевад Адеми реплицирајќи му пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, на продолжението на денешната седница на Собранието рече дека проблем за коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ не бил Законот за јазикот и изборот на претседател на Собранието, туку продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство.

„Еве веќе кога сакате отворено да ви кажам, проблемот со коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, не беше Законот за јазиците, туку СЈО, односно продолжување на мандатот на ова обвинителство. Не беше проблем ниту Законот за јазиците, ниту пак тоа претседател на Собранието да биде од ДУИ. Проблемот беше само мандатот на СЈО“, рече Адеми.

Според него се губи време со неефективното работење на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ на реплика и контра-реплика и треба да се премине на четвртата точка за избор на спикер.

На ова повторно реплицираше Илија Димовски кој рече дека на сите им е јасна состојбата со СЈО. „Во последниот период од месец дена, СЈО се занимава и со ДУИ, иако две години се занимава со ВМРО- ДПМНЕ. На сите ние познато тоа, и вас и нас и на оние што нарачуваат истраги од СЈО и ним им е јасно“, рече Димовски.

Талат Џафери освен од Џеват Адеми, поддршка доби и од Горан Мисовски кој побара од Трајко Вељаноски да стави на гласање да се работи и после 18 часот за што поскоро да се избере спикер.

„Мојот и вашиот пријател Талат Џафери ли ќе ја федерализира Македонија” му потенцираше Мисовски на Вељаноски, кој е претседавач со седницата, а од кој побара да забрза со своите одлуки да се пројде на четвртата точка.

Продолжението на конститутивната седница како и во текот на вчерашниот ден при самиот почеток запна на третата точка за избор на Комисијата за избори и именување.

Во Собранието присуствува лидерот на СДСМ Зоран Заев и сите пратеници од оваа партија но не и Никола Груевски.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha