Агим Нухиу е новиот министер за внатрешни работи

PRZINO

Утрово се оддржа примопредавање на министерската функција во Министерството за внатрешни работи, по што сега министер е Агим Нухиу од ДУИ, кој досега беше заменик министер. По објавените конечни резултати од предвремените парламентарни избори, мандатот на министерот Оливер Спасовски од техничката влада беше прекинат. Овие измени се дел од Пржинскиот договор.

Освен на Спасовски, функцијата му престана и на дополнителниот заменик министер Оливер Андонов.

Престануваат и мандатите на началниците и службениците кои Спасовски ги менуваше во рамките на МВР.

Мандатот на Нухиу ќе трае до формирање на новата Влада.

You may also like...

Sorry - Comments are closed

Send as Kolumns





Full Name (required)

Your Email (required)

Category (required)

Upload File (required: .txt, .doc, .docx)

Captcha (required)
captcha